2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

УМС на ВМРО НП: Државата ги заборави војниците кои беа мотив за слободна и независна Македонија

На 16 ноември 2017 пред споменикот „Мајкино скршено крило“ до Домот на градежниците во Скопје, се одржа дваесет и шестиот годишен помен за педесет и четворицата убиени македонски војници на фронтовите во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина во војната 1991 година, во предвечерието на распаѓањето на поранешна СФР Југославија.

Раководството на тогашното ВМРО ДПМНЕ тогаш правеше се во своите можности да ги повлече војниците додека други сеуште стануваа кога се свиреше хеј словени. И слободно можеме да кажеме дека тоа е и еден од мотивите за слободна и независна Македонија.

Првата жртва беше Сашко Гешовски од Кавадарци кој загина во Сплит, а потоа по него во Хрватска, Словенија и Босна беа убиени многу војници од Македонија. Многумина останаа инвалиди…

26 години подоцна, на споменикот изграден во нивна чест, со насолзени очи, најблиските ги вратија спомените, кога младите војници во татковината им ги враќаа во ковчези.

Болката на овие луѓе и по дваесет и шест години не се намалува, но расте револтот. Имињата на нивните синови ги споменуваат само семејствата. И до ден денес се прашуваат за кого загинаа. Забелешката кај сите е дека најмногу ги боли тоа што нивните деца се заборавени.

ВМРО НП била и ќе биде секогаш на браникот на татковината и никогаш нема да дозволи да се заборават македонските херои кои загинале со желба за унитарна самостојна и независна македонија

 

поврзани објави

Последни објави