-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Собраниска седница за прераспределба на буџетските средства

Собранието на Република Македонија  ја одржува дваесетта седница. Единствена точка на дневен ред на седницата е „Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано позабавено темпо на реализација. Со предлог одлуката се предлага, на пример намалување на планираните пари за привремени вработувања, за невладини организации, за реконструкција на згради на владини органи, за министерствата за одбрана, за правда, за надворешни работи, за животна средина…, за изградба на основни училишта, за училишни спортски сали, за изградба и реконструкција на студентски домови.

поврзани објави

Последни објави