7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Најголемата грешка на 21 век: Интер го продаде за 10 милиони, а сега вреди преку 100 милиони евра

Дека е врвен талент се виде во младите денови, кога настапуваше во татковината – пред гладот за успех да го донесе во Европа.

Роден е и израсна во Рио де Женеиро, Филипе Кутињо е класична десетка која денеска ја посакуваат сите големи и врвни екипи. Меѓутоа, за овој уште млад офанзивен играч, или крило по потреба – не идеше се како мед и млеко.

Највеќе поради тоа што неговиот прв европски клуб не беше свесен за потенцијалот кој бразилецот го поседуваше и го поседува. Од 1999. до 2008. година настапуваше за младата категорија на Васко Де Гаме, а потоа пристигнува во Европа. Интер го купува за четири милиони евра, а тимот од Милан како да не знаеше како талент всушност имаат донесено во своите редови.

Вистина, Кутињо беше малолетен, а тимот од Меаца не сакаше да го тестира неговиот талент со тоа што ќе му даде шанса за настап во првиот тим. Во текот на 2010. година, кога наполни 18 години, можеше официјално да настапи за Интер.

После тоа следеше позајмица во Еспањол, краткорочна – пред да биде ставен на трансфер листата на 26. јануари 2013. година, Ливерпул прифана да го купи за сума од 10 милиони евра. Ги помина медицинските прегледи – и стана полноправен член на Ливерпул. Доби број 10 – а тогаш тргна историјата. Влезе во игра на местото на Стујарт Даунинг, во 78. минута против Вест Бромич Албион. Тоа се случи на 11. февруари 2013. година. Во деновите и месеците потоа, Кутињо добиваше се повеќе и повеќе шанси да игра. Во потполност ја потисна конкуренкцијата на позицијата, и стана неизоставен дел од тимот. Дриблинг, сталоженост, брзи нозе се неговите највидливи особини, а често му велат дека е следен “Меси или Роналдињо“. Во Бразил, често го споредуваат со Роналдињо – а неговиот тренер од Еспањол, рече дека Кутињо има специјална магија во своите нозе.

До сега има повеќе од 120 настапи за Ливерпул, постигна 26 голови, а од минута во минута помината на теренот, неговата вредност расте. Дали ќе остане забележан во историјата како најголема грешка на Интер, или најдобар направен трансфер на Ливерпул, ќе видиме следното лето, кога се предвидува дека истиот ќе биде продаден за ништо помалку од 100 милиони евра.

Има 24. години, а Реал, Барселона, Манчестер Сити, Јунајтед, ПСЖ и многу други стојат на ред за неговиот потпис.

поврзани објави

Последни објави