1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Новинари за човекови права: Само 18% од територијата на Македонија има канализациска мрежа

Граѓанската организација „Новинари за човекови права“ објави податоци според кои само 18 проценти од територијата на Македонија е покриена со канализациска мрежа. Во урбаните средини 87 проценти од канализацијата е приклучена до градската мрежа, додека во руралните средини 79 проценти од тоалетите немаат пристап до градската канализациска мрежа, односно се со септички јами. Според податоците на „Новинари за човекови права“ само 16 проценти од Ромите кои живеат во Скопје имаат тоалет во домот, додека останатите користат тоалети надвор од своите домови.

поврзани објави

Последни објави