Здружението „Тврдокорни“ вечерва одржа протест против Законот за јазиците пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и пред Собранието на Република Македонија. Тие ги обвинија партиите за предавство на државата и идентитетот. Околу 80 луѓе извикуваа навреди кон албанксото малцинство, а беше забележано и големо полициско присуство.
Како што порачаа, овој политички ешалон итно мора да се повлече од власт. Претседателот Ѓорге Иванов го нарекоа кукавица, а премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, предавници, кои наместо да го слушаат македонскиот народ, тие му се покориле на надворешниот фактор.
На прашањето на „Макфакс“ кои членови во законот за јазиците се спорни за македонскиот идентитет, потпретседателот на здружението немаше одговори.
„Тврдокорните“ најавија протест за утре и ги повикаа граѓаните да излезат во поголем број.
Извор: МакФакс (ФОТО)