Поранешниот американски државен секртетар Кондолиза Рајс можно е да биде претставничка на Белата куќа доколку на Вашингтон му биде дозволено да дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, јавуваат руски државни медиуми.
Во фокусот на информацијата не е само вклучување на САД во бриселските преговори, туку и заживување на идејата за именување на специјален претставник за Балканот, објави Радио Б92, пренесувајќи наводи на руски медиуми.
– Во прашање е еден вид американски мониторинг. Тие не би се мешале во преговорите меѓу Белград и Приштина туку се би препуштиле на Брисел, кој има што да понуди и на едната и на другата страна до крајот на процесот. Тоа е членство во ЕУ на Белград, а за Приштина – кандидат за член, наведуваат руски медиуми. Според нив, во изминатите година дена стотина американски сенатори и конгресмени го посетиле Балканот, што е двојно повеќе отколку во почетокот на 90-те години од минатиот век. Тие нагласуваат дека целта е да се подготви документ, кој ќе биде доставен во Конгресот, а со тоа и до американскиот претседател, кој ќе мора да се вклучи во решавање на балканското прашање, иако тоа не му е сега приоритет. Планот Б е Велика Британија да преземе се на себе, наведуваат руски државни медиуми.