11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мртва трка на Сити, Валенсија, ПСЖ и Интер

Манчестер Сити прави чуда во Премиер лигата и Лигата на шампионите, ПСЖ во просек постигнува околу четири голови по натпревар, а Валенсија и Интер се уште непоразени?!

Неверојатно многу пари потрошија и ПСЖ и Манчестер Сити во текот на минатото лето, а се чини дека тоа на крајот сепак многу ќе им се исплати. Иако е уште рано да се говори за тоа бидејќи не освоиле ниту еден трофеј, сепак се чини дека парите на сопственикот на ПСЖ и Сити можат да купат се што посакаат.

Рака на срце, имаме и три екипи кои успеаа да земат барем бод. Значи, Манчестер Сити и ПСЖ заедно до крајот на ноември изгубија шест бодови. Заедно одиграа 38 натпревари, забележаа 35 победи, три ремија и 0 порази. Секако, двете екипи ја држат лидерската позиција во своите лиги. Сити има осум бодови повеќе во Премиер лигата во однос на Манчестер Јунајтед, додека ПСЖ има шест бодови врска во однос на Монако. Сепак, целта за двете екипи екипи – Лигаа на шампионите. Да ли можат до најголемиот клупски трофеј, останува да видиме.

Сепак, колку и да се добри, во овој текст вреди да се спомене и Валенсија и Интер. Тоа се, покрај Сити и ПСЖ, единствени екипи кои се уште непоразени оваа сезона.

Валенсија до сега одигра 13 натпревари оваа сезона, односно шест помалку од Сити и ПСЖ, а забележи 10 победи и три ремија. Дали Валенсија ќе продолжи со ова темпо и после натпреварот со Барселона или Барса ќе ги разочара, останува да видиме.

Значи, овие четири екипи, ако се сметаат сите натпреварувања, оваа сезона сите заедно одиграле 64 натпревари. Забележиле 55 победи, девет ремија и 0 порази.

поврзани објави

Последни објави