6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ЕУ стартува програма за даночна едукација на младите европејци

Пилот-проектот на Европската унија за дигитално даночно образование за млади Европејци (TAXEDU) започна. Проектот е стартиран по иницијатива на Европскиот парламент и Европската комисија, а се спроведува со учеството на 16 даночни администрации од ЕУ. Целта на програмата е зголемувањето на фискалната писменост на младите, преку употреба на напредни комуникациски канали и соодветно намалување на даночните измами и избегнувањето евазијата на даноците во цела Европа на долг рок. Като дел од заложбите Европа за потребата од даночното образование за млади луѓе,  програмата “Вклучи се со данок” се спроведува од 2013 година. Во рамките на проектот предавачи водат наставни часови во средните училишта низ целата Европа и се среќаваат со над 25 000 ученици годишно.

поврзани објави

Последни објави