11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Принцот на Саудиска Арабија, Салман го нарече ајатолах Хамнеи- „Хитлер на Блискиот исток“

Тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран достигнаа нова врв точка откако саудискиот крунисан принц Мохамед бин Салман го нарече иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. “новиот Хитлер на Блискиот Исток”. Во интервју за Њујорк Тајмс, Мохамед бин Салман наведува дека експанзијата на Иран треба да биде ограничена.

“Она што го научивме од Европа, е дека политиката на смирување не работи. Ние не сакаме новиот Хитлер во Иран да предизвика криза во  Блискиот Исток, како она што се случи во Европа”, вели саудискиот принц.

Конфликтот меѓу двете држави се возобнови со нова сила, откако претходно овој месец, блискиот до Саудиска Арабија премиер на Либан Саад Харири поднесе оставка за време на телевизиско интервју во Ријад. Тој ги објасни своите мотиви со огромното влијание на “Хизбулла” (поддржувана од Иран) во Либан и со добиените закани по неговиот живот.

 

поврзани објави

Последни објави