Бугарските духовници во Светиот Синод треба да ја имаат во предвид огромната историска одговорност што ја носат во моментот. Овде не се работи само за набљудување на еден или друг канон, изјави европратеникот од “Обединети патриоти” Ангел Џамбазки во врска со барањето на МПЦ-ОА да стане “ќерка” на бугарската Патријаршија.
“Историјата веќе покажала дека кога политичкиот интерес има побарувања, каноните се менуваат”, рече тој. Според него станува збор за епархии, кои биле во епархијата на Бугарската православна црква, но биле окупирани од српската Патријаршија во 1912 година. Во понеделник ќе има тивко бдение пред Светиот Синод.
“Ги повикуваме почитувани членови на Светиот Синод да бидат мудри и внимателни. Убеден сум дека во нивните дебели книги ќе го најдат начинот “. Џамбазки истакна дека и бугарската независна црква се борела “диктатурата, скриена позади канонот”, јави бугарската телевизија БТВ.