Поранешниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ изјави дека односите меѓу Хрватска и Србија се далеку полоши отколку што беа пред неколку години. Во интервју за весникот „Данас“, Јосиповиќ исто така вели дека Србија нема да може да стане членка на Европската унија додека не ја признае независноста на Косово. Според поранешниот претседател на Хрватска, Европската унија има проект за ширење на Балканот, вклучително и кон Турција и, секако, Косово. Поради тоа, Јосиповиќ вели дека Србија не може да стане членка ако не го признае Косово.