4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Темелко од Шутка заминува во домашен притвор

На градоначалникот на Пустец, Едемнод Темелко притворот му е заменет со куќен притвор, потврдија од Кривичниот суд. Мерката е воведена по добиено позитивно мислење од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Темелко беше притворен пред два месеца на барање на СЈО, бидејќи е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, а не ја почитувал мерката на претпазливост за која му беше определена забрана за напуштање на земјата. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска најавија дека вечер ќе организараат протест поради притворот на Темелко, за кој тврдат дека е во лоша здравствена состојба.

 

поврзани објави

Последни објави