ВМРО-ДПМНЕ не треба да се плаши од зближувањето меѓу МПЦ-ОА и Бугарската Православна Црква, бидејќи според членот 50 од статусот на партијата ако, партијата згасне, нејзиниот имот ќе и припадне на МПЦ-ОА (член 50 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ: Во случај на престанок на партијата, нејзиниот имот преминува во сопственост на Македонската православна црква). Ако почитуваните господа од ВМРО-ДПМНЕ, навистина се сметаат себеси за „наследници на Гоце, Даме и Јане“, би требало да знаат дека по одлуката на БПЦ да стане наша Црква – мајка, имотот на нивната партија ќе им припадне и на наследниците на Бугарската егзархија.
Што поубаво од тоа, едни вистински вмровци да го остават својот партиски имот на МПЦ-ОА и секако индиректно на нејзината Црква – мајка. 😀
Пишува: Батко Тане