Соработката меѓу македонските и бугарските општини и отворањето на граничниот премин Клепало, беа дел од темите на кои 10-тина градоначалници од Македонија и Бугарија, викендов разговараа во Ќустендил.
Средбата беше организирана од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, како дел од напорите на двете држави за унапредување на меѓусебните односи.
„… Граничниот премин „ Клепало“, повторно беше тема за дискусија за која ние настојуваме , конечно да се изнајде решение. Мора да истакнам дека од релеватни структри, односно од заменик- министерот за регионалне развој од Бугарија, Деница Николова, беше потенцирано дека за период од две години ќе биде отворен грничниот премин. Се стартува со изведбени работи и средства за доизградб на патот од бугарска страна на проеминот, а потоа очекуваме диплопматски билатерални одлкуки, за да се отвори граничниот премин…“, стои во соопштението до медиумите.
Отворањето на Клепало, неодамна, беше тема на разговор и меѓу министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Валентин Радев.
Отворањето на овој граничен премин, би значело подобра комуникација на граѓаните од двете страни на границата што треба да донесе развој на економијата и на туризмот, пред се затоа што Берово од Бугарија ќе биде оддалечено само десетина километри, додека од Грција 60 км.
Целата инфратсруктура од македонска страна заедно со објектите за царинските служби се изградени пред 20-ина години, останува да се изгради патот од село Мокриево до Клепало во должина од 7, 5 км.