6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Проф. Франческо Гуида: Не е возможно земјите од Западен Балкан да останат надвор од ЕУ, на почетокот на XXI век

Познатиот италијански правник, филозоф и политички активист од Џенова Џузепе Мацини, кој има значаен придонес за движењето Рисорџименто, вели дека можеме да придонесеме за припознаването на правата на секоја нација, дека националната свест е важна за да се конструира архитектурата на Европа. Иако оваа конструкција денес не функционира многу добро, таа се уште е водечка и важна и мораме да се држиме до неа. Рисорџименто, да расчистам е политичко и општествено движење од 18-19 век, што донесе обединување на земјите на Апенинскиот полуостров и изградбата на италијанската нација и национална држава. За жал, повторно го гледаме оживувањето на национализмот против европската идеја. Но, ова не ја негира потребата секоја нација да придонесува за оваа европска конструкција. Сите, според нивната националност, во исто време ја потврдуваат и учествуваат во изградбата на наднационалниот европски идентитет. Дури и ако ЕУ е конфедерација, дури и ако претпоставиме дека нема да има единствена Унија, проблемите ќе останат. Ако бегалците од Африка или од Азија ја нападнат Европа, нивната желба нема да се менува во зависност од природата на европската заедница. Опасноста ќе остане. Одговорноста на европските влади е да се најде добра формула за одговор. Секоја влада мора да учествува во ова проблематично решение на ист начин како и сега, без оглед на постоечкото обединување на Европа. Во секој случај, нордиските земји треба да ги поддржуваат јужните медитерански земји кои се најмногу изложени на оваа опасност. Верувам дека вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ е добро избран приоритет за престојното претседателство на Советот на ЕУ. Бидејќи не е можно Македонија, Србија, Косово, Албанија и другите земји да останат надвор од заедницата на почетокот на 21 век. На пример, Италија има многу блиски врски со Албанија, но оваа земја е надвор од ЕУ и мислам дека ова не е природно. Влезот на земјите од Западен Балкан во ЕУ е приоритет, иако регионот на Црното Море е исто така е важен поради потребата за транспорт на гас во Европа. Но, во овој момент, и економски и морално неопходно е Западниот Балкан да се вклучи  во нашата Унија. Навистина, јавното мислење во Европа не е расположено за такво проширување во овој момент, но овие ставови се поврзани со будењето и заживувањето на национализмот во некои земји. Имаме и други проблеми во Европа, но воопшто не мислам дека на дневен ред во мојата Италија, на пример, се сепаратистичките ставови во некои области од Северот. Не постои сличност со Каталонија, мислиме дека тоа се финансиски и фискални прашања. Се разбира, се забележува некаква желба за автономија, но сум убеден дека сите италијански државјани сакаат да живеат во една обединета, единствена Италија.

Професор Франческо Гуида е е најпознатиот претставник на италијанската балканистика и еден од најавторитетните истражувачи на историјата на Балканот во XIX и XX век. Тој е редовен професор по историја на земјите од Источна Европа во ново и најново време во Универзитетот “Рома Тре”.  Директор е на Одделот за политички науки при истиот универзитет, претседател е на Италијанската асоцијација за истражување на Европскиот југоисток (AISSEE). 

поврзани објави

Последни објави