6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Грабар-Китаровиќ: Хрватска не беше агресор туку се бранеше од големосрпската агресија

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека вчера во Хаг не се изрекувала пресуда на Хрватска, ниту на хрватскиот народ во БиХ. Хрватска не беше агресор, туку најмногу направи за зачувување на целовитоста на БиХ, а хрватскиот народ се одбрани од големосрпската агресија. Изјавата на Грабар-Китаровиќ доаѓа по осудителната пресуда изречена од Хашкиот трибунал за веќе покојниот генерал од хрватските сили, Слободан Прaљак.
„ Хрватска и Бих беа нападнати од Србија и ЈНА на Слободан Милошевиќ, која се стави во отворена борба за остварување на проектот „Голема Србија“. Хрватска никого не нападна“, изјави Грабар-Китаровиќ.

поврзани објави

Последни објави