14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ги следела стапките на нејзиниот татко, а нејзиниот квалитет го препозна Барселона: 23 годишната Македонка за својата љубов кон фудбалот

Покрај тоа што редовно одевме на стадион да гледаме фудбал, често гледавме фудбал и на телевизија. Дома се што правевме беше поврзано со фудбал. Па јас и мојата сестра (Сијче Андонова, која игра за Блау Вајс во Германија) решивме да ги следиме стапките на нашиот татко”.

Вака, 23 годишната Македонка Наташа Андонова во разговор за Мундо Депортиво раскажува за почетоците на својата кариера.

„Ми велеа дека фудбалот е за момчиња, не за девојчиња, викаа дека сум луда. Но имав огромна поддршка од семејството, постојано ми кажуваа: „Знаеме што сакаш да станш и што обожаваш да правиш“”.

Нејзините почетоци, како што вели таа, воопшто не биле лесни, а најголемата нејзина поддршка во тие моменти била нејзината постара сестра.

Бев тажна поради тоа што го напуштив семејството, а не зборував ниту германски или пак англиски, но таа помогна се да биде полесно”.

За преселбата на Камп Ноу, Наташа додава: „Мојот агент ми кажа дека Барса сака да ме ангажира. Го познавав градот, и знам за колку голем клуб се работи. Кога ќе го слушнете името Барселона, или пак Меси и Иниеста, знаете што значи тоа. Сите сакаат да пристигнат тука”.

Инаку, Наташа по краток престој кај парижаните, потпиша за каталонскиот клуб – Барселона.

поврзани објави

Последни објави