Западен Балкан е регион во кој Бугарија може и треба да ја одигра улогата на фактор за стабилизација, бидејќи ја има својата улога како членка на НАТО и на ЕУ, а и поради тоа што во следните шест месеци ќе претседава со ЕУ. Ова го кажа вицепремиерот и министер за одбрана
Красимир Каракачанов на Конференцијата “Бугарија помеѓу Западен Балкан и Црното Море – Историја и геополитика “денеска во Софија, под покровителството на Каракачанов.
Мораме да се стремиме да ја промовираме и имплементираме политиката на доверба на Балканот,
потребно е мирно и праведно решение на постојните проблеми, за да не дојде до нова поделба во регионот. Токму затоа проектот кој се развива – Црно Море-Јадранско Море, коридор број 8, е од најголемо значење за економијата на целиот регион, а исто така и темел за стабилност, истакна Каракачанов.
Каква ќе биде улогата на Бугарија во овој геополитички простор зависи од мудроста, одговорноста и одлучноста за бугарските политичари, рече Каракачанов.
И Бугарија и Албанија се членки на НАТО. Македонија, и покрај споровите со Грција, е прашање
на време кога ќе стане членка на НАТО, рече Каракачанов.
Според него, Бугарија не може да биде страничен набљудувач на процесите. Таа има и морална обврска кон бугарските заедници во Украина, Македонија, Србија, и токму поради тоа Бугарија мора да води политика на културна поддршка за овие луѓе. Затоа што овие наши заедници егзистираат во суверени држави, мора да се стремиме да одржуваме и развиваме добри односи со овие земји, рече бугарскиот заменик-премиер.
Европратеникот Ангел Џамбазки, додаде дека влезот на Албанија и Македонија во ЕУ ќе донесе стабилност на Балканот. За нас е исклучително важно да одржуваме добри односи со земјите од регионот на Црното Море, каде што има и многубројни бугарски заедници, посочи Џамбазки.
Улогата на Бугарија како стабилизирачки фактор исто така беше истакната од страна на претседателот на Државната агенција за Бугарите во странство Петар Харалампиев, кој исто така ги истакна бугарските заедници во странство, кои добро се интегрирале во соодветните општества и можат да биде “мост” помеѓу Бугарија и соодветните земји.