3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Бонева во оставката: Бевме подложени на јавен линч со неосновани обвиненија

Силвана Бонева, член на ДИК предложена од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук ја објави својата неотповиклива оставка доставена до Собранието на Република Македонија.

„Еве што напиша Бонева во оставката:
Почитувани пратеници,

Собранието на Република Македонија со Одлука бр. 08-5919/1 од 16.12.2015год. ме избра да бидам член на Државната изборна комисија.

Од изборот па се до денес, совесно, одговорно, согласно закон и со целосно мое ангажирање ја извршував функцијата.

Минатата недела членовите на ДИК беа посочени како типичен школски пример за корупција и подложени на јавен линч, со неосновани обвиненија и истовремено носење на пресуди, иако законски сме работеле, дека сме биле неморални.

Сакам да потсетам дека со Измените и дополнувањата на Изборниот законик во 2014 год. се создаде законски основ, не само службите на ДИК и целата изборна администрација на локално ниво, што од 2006 год. до 2014 год. земаше надоместок за прекувремената работа, туку и избраните и именувани финкционери во ДИК, да добиваат надоместок за прекувремената работа, за време на изборниот процес.
Оваа одрдеба на Изборниот законик се применувала од 2014 год. до денес, со согласност на Министерството за финансии и со средства предвидени во буџетот на ДИК, одобрени од Собранието на Република Македонија. Примената на оваа одредба досега не била оспорувана и предмет на линч на јавноста. Симптоматично е што линчот е после три годишна примена на Законот и е насочен само кон 9-те членови на ДИК, и тоа токму сега, но не и за изборната администрација, на која исто така и беше исплатен надоместок, во зависност од времетраењето, одговорноста и сложеноста на нивниот прекувремен ангажман, во износ од 1-4 плати.

Отсуствуваше расправа и реакција и од страна на Собранието на Република Македонија, кое не избра со 2/3 мнозинство на гласови, па без да се знаат фактите и Законот, станавме мета на излив на бес на јавноста, посебно насочен кон мене, со клевети, лаги и шпекулации. Бруталните навреди, клевети, закани по живот преку социјалните мрези и некролози за мене на електричните столбови низ Струмица, е целосна повреда на моите основни човекови права, честа и угледот, а се во име на демократијата, правната држава и гласот на народот. Со ваквата хајка се урниса и достоинството на институцијата – Државна изборна комисија на Република Македонија, како највисок државен орган кој е задолжен не само за спроведување на избори, туку и за спроведување на референдуми на државно и локално ниво.
Од овие причини, а заради зачувување на мојот личен интегритет како човек, ја поднесувам оваа оставка и Ви благодарам за досегашната искажана доверба“

поврзани објави

Последни објави