2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вулин: Вучиќ беше во право, македонскиот премиер не стои на зборот

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин кажа дека македонскиот премиер Зоран Заев не стоел на зборот, по изјавата дека Приштина може да смета на поддршката на Македонија во сите процеси.

Вулин реагираше на одговорот на Заев на прашањето дали Македонија ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО, на што македонскиот премиер одговори дека Приштина ја има поддршката на Македонија во сите процеси.

– Како што претседателот Александар Вучиќ најави пред неколку месеци, македонскиот премиер не стоеше на зборот. Иако јавно вети дека ќе биде воздржан по прашањето за членството на Косово во УНЕСКО и дека тоа ќе биде доказ за пријателството со Србија, Заев одлучи да ја поддржи Приштина. Со тоа се покажа дека Вучиќ добро ги познава луѓето и приликите, но и што македонскиот премиер навистина мисли за Србија, рече Вулин.

Во соопштението на министерот Вулин се наведува дека Србија и нејзиниот претседател се пријатели на Македонија и на македонските граѓани, но македонскиот премиер тоа не знае да го почитува.

поврзани објави

Последни објави