-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Соколов: Љ. Георгиевски имаше повеќе сенс од Груевски за дебата по однос на секакви прашања

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и еден од кандидатите за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на последните одржани локални избори, Иван Соколов во изјава за „Поглед.мк“ зборува за повеќе актуелни прашања на македонската политичка сцена. 

 

Според Соколов, малиот број присутни граѓани на протестите на ВМРО-ДПМНЕ е одраз на политичката состојба во која се наоѓа самата политичка партија.

„Овие протести се концепирани без некоја поголема ангажираност на потребните ресурси. Најпрвин се случуваат во специфичен момент кога практично целото раководство е во оставка а тоа подразбира дефакто оставка на целата организација на самата партија и моменти на подготовка на вонреден Конгрес. Во ваков момент, според Соколов и не може да се очекува нешто поразлично од тоа што е.

Често употребуваниот збор „политички реваншизам“ од страна на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, а искористувајќи го како компарација меѓу апсењата на 6-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ наспроти апсењата на Бошковски и Диневски, Соколов вели:

– Ако зборуваме за апсењето на Бошковски не може да се споредува со овој случај на апсења на пратеници. Најпрвин заради две сосема различни обвиненија. Бошковски беше фатен со огромна сума на пари, претходно пак сниман со земање на поткуп за вршење непријателска дејност, додека за разлика од тоа имаме случај каде што има обвинет за тероризам само затоа што ја пеел македонската химна на собири и протести и тоа во случај кога само пред неполн час пратеник ја пееше химната на друга држава во македонскиот парламент. Што е тоа ако не политички линч и реваншизам?

Во врска со Диневски единствено што можам да кажам дека ме разочарува тоа што сите судски инстанци вклучувајќи го и СЈО, ја потврдија пресудата што ја побива тезата дека се работело за монтиран случај како што се денешниве апсења на учесниците од настаните на 27 Април.

За се позачестените лобирања и најави за враќање на Љубчо Георгиевски во ВМРО-ДПМНЕ Соколов во изјавата за нашиот портал вели:

– Со сета почит кон господинот Георгиевски, не мислам дека тоа е невозможно не заради некои негови контроверзни ставови по однос на определени политички и историски прашања туку  заради неговата подолга отсутност од самата партија ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е период во кој тој си основа своја политичка партија, како и фактот што некои политички тези кои ги застапува се дијаметрално спротиставени на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

Соколов вели дека тој ја имал привилегијата да биде близок соработник и на Георгиевски и на Груевски, па оттаму смета дека Љ. Георгиевски како лидер имал повеќе сенс за отворена дебата по секакви прашања но има работи и кои биле свесно узурпирани од тогашното раководство. Имено, тој тврди дека по судирот на Конгресот во Струмица тогашното раководство било тоа кое го променило Статутот на партијата.

„Така ВМРО-ДПМНЕ доби Статут со апсолутна моќ на претседателот на претседателот на партијата кое Никола Груевски после го наследи. Друго е прашањето зошто самиот Груевски пак потоа не извршил корекции на Статутот, вели тој и додава: Веројатно му годела таквата ситуација.

Што се однесува до тоа колку Груевски бил демократ при носењето на одлуки наскоро ќе се дознае бидејќи по неговото заминување сигурно некој ќе се обиде да гради кариера со покажување на валкани кошули.

На нашето прашање за тоа дали Мицковски би можел да биде обединител на десницата во Република Македонија, г. Соколов истакна дека лично не го познава Мицковски, но додава дека од тоа што го слушал од неговите блиски соработници се работи за исклучително внимателен човек кој има голема амбиција да го обедини целиот македонски национален корпус.

поврзани објави

Последни објави