Легендарниот голман Икер Касиљас ќе ја напушти и официјално екипата на Порто во наредните денови, потврди португалска А БОЛА. Спрема пишувањата на овој извор, Икер се состанал со тренерот Серхио Концеичаом и се договориле за разделба во зимскиот преоден рок.
Во наредните денови се очекува Касиљас и официјално да го соопшти напуштањето на клубот. Според информациите, како опции постојат враќање во Шпанија, но тоа е малку веројатно бидејќи таму за него постои само еден тим – Реал Мадрид.
Извесно е дека тој ќе ја прифати поканата на Рафа Бенитез и да замине да му помогне на Њукасл да опстане во Премиер лигата.
Касиљас има договор со Порто до јуни 2018. година.