3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Рохани: САД никогаш не биле искрен медијатор

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека единствена причина поради која американскиот претседател Доналд Трамп „се осмели“ да го признае Ерусалим како главен град на Израел, е тоа што некои во регионот се обидуваат да воспостават врска со Израел.

– САД никогаш не биле искрен медијатор, посочи Рохани на вонредниот Самит на Организацијата за исламска соработка, што беше организиран по одлуката на Трамп за Ерусалим.

Претходно, Рохани на Твитер објави дека „одлуката на САД е со цел да се обезбеди максимален интерес на ционистите и не се почитуваат легитимните права на Палестинците“.

поврзани објави

Последни објави