Новата австриска Влада, составена од Народна партија и Слободарската партија, а предводена од канцеларот Себастијан Курц положи заклетва пред австрискиот претседател Александар ван дер Белен. Во новата австриска Влада, Народната партија е застапена со Курц како канцелар, со министерот за финансии Хиртвиг Легер, за економија Маргарет Шрамбек, за образование Хајнс Фасман, за жени и семејство Џулијан Богнер-Штраус, за земјоделство и екологија Елизабет Кестингер, за ЕУ, медиуми, уметност и култура Гернот Блимел, како и со државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Каролин Едштадлер. Од Партијата на слободата вицеканцелар и министер за државна управа и спорт е Хајнс-Кристијан Штрахе, за внатрешни работи Херберт Кикл, за одбрана Марио Кунасек, за инфраструктура и сообраќај Норберт Хофер, за социјални прашања и здравство Беата Хартингер, надворешни работи Карин Кнајсел, а државен секретар за финансии ќе биде Хуберт Фухс.