Венко Филипче ќе биде предлогот на СДСМ за нов министер за здравство, јавуваат провладините медиуми, повикувајќи се на партиски извори. Тој ќе го замени Арбен Таравари на позицијата која ја напушти откако стана Градоначалник на Гостивар. Покрај Филипче, нов министер ќе биде и Аксел Ахмедовски од партијата на Самка Ибраимовски кој си замина од Владата за да биде пратеник. Се уште се чекаат имињата на кадрите кои треба да ги предложи ДУИ. Тие треба да го поплнат испразнетото министерско место без ресор на Рамиз Мерко и заменик министерското место во образование на Висар Ганиу. Веќе е извесно дека Села го загуби ресорот кој го доби во првичниот владин договор. Од Алијансата не го кријат незадоволството но не соопштуваат дали ќе останат дел од Владата.