Манчестер Јунајтед е дури со 11 бодови помалку во односна градскиот ривал Сити, а многу сметаат дека шампионската трка е завршена уште сега.
Меѓутоа, се чини дека Жозе Мурињо не сака така лесно да се помири со тоа. Имено, тој е одлучен да го засили својот тим, односно да проба да го извади максимумот од него.
Така, веќе во јануари тој ќе даде се од себе да го засили врвот на нападот, иако тука веќе ги има Лукаку, Ибрахимовиќ и Мартиал.
Бројните италијански медиуми тврдат дека Јунајтед ќе тргне по Паоло Дибала од Јувентус, но денес шпанскиот Дон Балон донесува ексклузива.
Имено, медиумот тврди дека примарната цел на Моу е всушност друг аргентинец. Станува збор за Мауро Икарди кој оваа сезона игра одлично за Интер, постигна 17 голови во исто толку настапи. Според пишувањата на медиумот англискиот великан за него е подготвен да плати вртоглави 140 милиони евра, додека тој би заработувал неделна плата од 328 илјади евра неделно, со што неговата плата би се израмнила со онаа од Пол Погба.
Воедно, тој би станал најскапото засилување во клупската историја…