Станува збор за неаргументирани обвинувања. Оние што ме познаваат како човек и политичар знаат дека ова не е точно. Имаше критериуми, па оттаму не би можел ништо да додадам на ваквите обвинувања. Оваа битка ја водев со поддржувачи сосема демократски и се надевам дека ќе успеам да ги убедам делегатите да бидам изберен за нов претседател на партијата, рече Мицкоски во изјава за медиуми пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ од Иницијативата за одложување на Конгресот тој рече- станува збор за мои колеги, мои сопартијци, прекрасни луѓе кои со својата конструктивност придонеле за партијата и нивниот капацитет ќе биде искористен во иднина со цел да ја поразиме СДСМ и да се вратиме на власт.
Ние сме обединети и единствени, додаде тој.
Мицкоски рече дека дел од иницијаторите за одложување на Конгресот максимално ќе бидат искористени во партијата и не гледа причина зошто да не бидат дел од највисокото раководство на партијата.
Доколку тој стане лидер, рече дека економијата ќе биде приоритет број еден за него.
Тој рече дека во ВМРО-ДПМНЕ нема да има фракции после негов евентуален избор.