6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Милошоски нема да учествува на Конгресот: Постои нелојална конкуренкција за најважната одлука за партијата

Антонио Милошоски нема да учествува на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово. Тој за „Макфакс“ вели дека станува збор за лично негова одлука, независно од останатите потписници на иницијативата за одложување на конгресот.

„Моја принципиелна лична одлука е да не учествувам на Конгресот за кој сметам дека има демократски дефицит и нелојална конкуренција за најважната одлука од која зависи перспективата на ВМРО-ДПМНЕ како конзервативна партија. На сите делегати им пожелувам успешен настан и продуктивни одлуки,“ вели Милошоски.

Тој е од повеќето потписници на Инцијативата за одложување на Конгресот. Милошоски во изминатите 11 години важеше за близок човек на досегашниот претседател на партијата Никола Груевски, меѓутоа и човек кој во минатото застапуваше сосема различни политики од оние кои ги водеше неговиот лидер. Со самото негово непојавување и на вчерашниот ЦК, како и неговото најава за отсуство од самиот конгрес, тој директно нема да даде поддршка со свој глас за идниот претседател на партијата.

 

поврзани објави

Последни објави