Се повеќе пратам и следам како секој почнува да се повикува на името на ВМРО, секој да тврди дека тој има ексклузивитет на името и наследството на организацијата.
Уште повеќе интересни ми се оние кои припадноста кон идејата на ВМРО ја гледат од призмата на партиска книшка, а не кон морални и идеолошки принципи.
ВМРО е пат, пат по кој одат луѓе кои сметаат дека тој е исправен, спремни да направат се за по тој пат да тргнат уште повеќе Македонци како нив.
ВМРО не е создадено да се бори за власт и да владее, ВМРО е создадено да се бори токму против власта кога таа владее против интересите на Македонецот.
Членската книшка од некој си МК или ОК не те прави ВМРО, ВМРО те прави читање на книги, изучување на историјата на организацијата, закопување на идејата на организацијата во срцето, каде што ќе ја чуваш до крајот на својот живот.
Да се бориш за идеалот и кога однапред знаеш дека ќе изгубиш, да живееш по принципи доследни на илјадници ајдуци,војводи , комити кои по планините се бореле за ова име, за оваа црвено-црна идеологија.
Оваа идеологија за разлика од илјадници други не е само политички правец и филозофија, оваа е светост, а со светост играње нема.
Ниту еден лидер не може да го носи приматот каде е тој, таму е и ВМРО.Ниту еден.
Каде било ВМРО пред тој да се роди, каде ќе е ВМРО откако тој ќе почине ?
Не е ВМРО таму каде што е лидерот, туку лидерот треба да е таму каде што е ВМРО.
Низ историјата има многу примери како личности кои ја граделе идеологијата, на крај испаднале предавници на истата, со што станува јасно дека идеологијата не може да се поврзи само со еден човек, туку со еден колектив.
Сите ние сме обични смртници, со свој краток пат на овој свет, додека идеологијата на ВМРО е безвременска и бесмртна.
Таа секогаш ќе наоѓа нови следбеници кои ќе ги зарази со тоа чувство закопано во срце, со вмровштината која тлее во духот на обичниот смртник, која ќе го направи неговиот дух бесмртен.
Секој од нас има должност со свое духовно и интелектуално воздигнување, со промовирање на правите вредности на организацијата, да ја чуваа оваа идеологија од оние кои сакат да ја уништат, од оние кои сакат да ја извалкат, или уште полошо да ја узурпираат за свои приватни цели.
Ние денес имаме многу помал товар од борците на кои се угледуваме, не мораме животот да го ставаме на коцка, да покажеме дека сме прави и достоинствени вмровци.
ВМРО Е ИДЕАЛ КОЈ НЕ УМИРА
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ
Пишува: Ефтим Љафтов