Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ рече дека Хрватска биле изложени на одредени влијанија кои може да се сведат на некој вид на „хибридни дејствија”, но тоа ниту со една држава не е во „хибридна (специјална) војна”.
–Она што е факт, е тоа дека Хрватска, како и другите држави, беше изложена на извесни влијанија кои би можеле да бидат опфатени со овој или оној вид на хибридно дејствување. Тоа на некој начин е и данокот од развој на технологијата, и ние со тоа можеме и мораме да се носиме, изјави Грабар Китаровиќ за „Вечерњи лист“.
Таа вели дека не е добро ако поради тоа во државата се создаде „некој вид на параноидна состојба”.
– Особено ние функционерите, кои сме повеќе од другите изложени на такви делувања, мораме да бидеме подготвени да поднесуваме критики и кога се оправдани и кога не се оправдани, дури и ако се плод на хибридни дејствувања. Во исто време, системот на државната безбедност треба да се оспособува и да знае и може да ефикасно да се спротивстави и на хибридните операции, вели Грабар Китаровиќ.
Говорејќи за хрватската надворешна политика, како и за тоа што оваа година се состана и со американскиот и со рускиот претседател, Грабар Китаровиќ рече дека и едниот и другиот ја вреднуваат улогата на Хрватска не само во Југоисточна Европа, туку и во ЕУ.