7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

(ФОТО) Каква ли година ќе беше ова за него: Од работ на смрта до најсреќниот ден во животот

За многумина 2017 година беше доста турбуелента, но вистинска приказна за филмско платно има фудбалерот на Хал, Рајан Мејсон.

Ова момче пред една година во пресметката со Челзи заработи стравчична зфрактура на черепот и имаше крварење во мозокот. Лекарите во „Сент Мери“ болницата во Лондон. со тешка мака и низа операции успеаа да му го спасат животот.

Кобниот момент се случи на 22. јануари кога при еден воздушен дуел со Гери Кеихил, остана покосен на теренот. Но 11 месеци подоцна, Мејсон го дочека најсреќниот ден во неговиот живот откако на 20 декември се роди неговиот син.

„Тешко е со зборови да се опише каква година ова бепе за мене. Тоа беше физички и ментален предизвик поради кој сум навистина горд што го поминав. Да го држеш синот во последните денови од годината е навистина посебно чувство. Ќе се вратам посилен“, порача Мејсон.

Хал и во најтешките денови остана со фудбалерот под договор, а Мејсон веќе започна со полесни тренинзи и се очекува неговото враќање на терените во новата, 2018 година.

 

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

Последни објави