6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Кинезите го возвраќаат ударот, купуваат голема ѕвезда од Мадрид

ПСЖ го сруши рекордот кога го купи Нејмар за 222 милиони евра, Филипе Кутињо за 160 милиони евра прејде од Ливерпул во Барселона, а сега и Кинезите сакаат да трошат.

Во еден момент кинеските клубови понудија цифра и понуда која не можеше лесно да се одбие, а сега тамошниот Guangzhou Evergrande има план да го купи Герет Бејл.

Како што јавуваат одредени портали во Шпанија, Guangzhou планира да му плати на Реал Мадрид 84 милиони евра за Бејл. Наводно претседателот на Реал Флорентино Перез слушнал за интересот на Кинезите да влезат во преговори за играчот.

Перез сака да го продаде Бејл за да може полесно да дојде до трансферот на ПСЖ, иако се уште не е јасно дали Бејл би прифатил да отиде во Кина.

Бејл веројатно таквото преминување во Кина би го сметал за чекор назад во неговата кариера. Тој е повеќе за враќање на Островот каде што подготвено го чека Манчестер Јунајтед, а наводно и Челси, бившиот клуб Тотенхем.

Воглавно, Кинезите не се шалат, спремаат нов пакет на понуди кои ќе ги пратат на адресите на европските великани.

поврзани објави

Последни објави