2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Финансиска полиција го чешла градоначалникот на Гостивар

Во текот на денешниот  ден во канцелариите на градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта влегла финансиската полиција со цел да се испита неговата работа.

Од финансиската полиција истакнале  дека таму биле за да проверат наводни нерегуларности за инфраструктурен проект на општината во селото Тумчовиште кој чинел 80 илјади евра.

Бејта, кој е потпретседател на ДУИ, тврди дека оваа посета од финансиката полиција претставува реваншизам поради неговото отворено противење партијата повторно да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави