Кристијано Роналдо е главна тема на преодниот рок во Шпанија.
Еден од најпознатите шпански медиуми ја објави веста дека третиот најплатен фубалер на светот е незадоволен со политиката во кралевскиот клуб.
Имено, претседателот на клубот Флорентино Перез вети дека Роналдо направил нов договор кој би му обезбедил многу поголема заработка, но тоа не се случи.
Потсетуваме, португалецот на крајот од 2016. потпиша договор со Реал до 2021. година со годишна плата од 21 милион евра. Но, се чини дека тоа му е малку на Роналдо, па побара зголемување на платата од четири милиони евра.
АС наведува дека Роналдо своето незадоволство го поделил со соиграчите во соблекувалната и им најавил враќање на Олд Трафорд.
Португалецот во дресот на актуелниот европски шампион во 418 настапи постигна неверојатни 422 гола и така стана најдобриот стрелец во клубот. Со Реал освои 14 трофеи, три пати го подигна трофејот од Лига на шампиони и освои две шпански првенства. Во Реал пристигна 2009. година од Манчестер Јунајтед во чии редови играше шест години.