Се позачестените шпекулации за евентуално заминување на Еден Азар од Стемфорд Бриџ успеаа да го изнервираат менаџерот на Челси Антонио Конте, а врвот на нервозата беше достигнат во моментите на прес-конференција на која новинар му постави прашање: Дали Азар е среќен во Челси?
ЕВЕ ГО ОДГОВОРОТ НА КОНТЕ:
„Тоа не е важно. Јас сум тренер и јас одлучувам. Вие сте загрижени дали некој играч е среќен или не. Моја задача е да го направам најдоброто за играчот и екипата, а не да го правам секој фудбалер среќен. Секоја прес-конференција е ваква, прашувате дали се грижам што некој играч не е среќен. Па, не се грижам, се грижам само за натпреварите, победите или поразите“, порача Конте.