Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино ги кажа трите клубови во кои никогаш не би работел
Покетино ги посочи Барселона, Арсенал и Росарио Централ како клубови во кои никогаш не би работел.
„Кај мене е јасно – никогаш нема да бидам тренер на Барселона или Арсенал, затоа што претходно работев во Еспањол и Тотенхем (ривалите на тие два клуба). Израснав во Њуелс Олд Бојс па затоа никогаш не би работел во Росарио Централ. Така стојат работите. Подобро би работел на мојата фарма во Аргентина отколку на овие места. Моментално сум задоволен од Тотенхем. Тука прават се за да посакаш да останеш засекогаш“, вели Покетино кој е во Тотенхем од 2014 година.
Извор: Sport.com.mk |