Работата на фудбалските судии секако не е ниту малку лесна. Секоја судиска одлука се анализира, често осудува, а ретко пофалува. Арбитрите се често под лупа на тренерите, фудбалерите и навивачите, а нивната работа не е олеснета ниту со воведувањето на видео – технологијата.
Goal.com поради тоа одлучи да истражи колку пари заработуваат судиите, во англиската Премиер лига, но и во другите европски лиги наплатуваат за макотрпната работа која ја извршуваат.
Така најаматерските судии во Англија заработуваат од 20 – 40 фунти по натпревар, додека оние кои работат на врвно ниво (во премиер лига) примаат регуларни плати, но наплатуваат и повеќе за секој меч кој го судат. Најдобрите судии во Англија можат да заработат и до 70. 000 фунти (нешто помалку од 80. 000 евра) годишно. Така еден врвен судија во Премиер лигата има годишна плата од 38.500 до 42. 000 фунти, а секој досуден пенал го наплаќа околу 1150 фунти.
За разлика од Англија, останатите европски лиги судиите немаат загарантирана редовна плата, туку за нивните услуги исклучиво се наплаќа по меч.
Примања на фудбалските судии (по натпревар) во најдобрите англиски лиги.
Англија – 1150 фунти + редовни примања
Шпанија – 5200 фунти
Германија – 3150 фунти
Италија 3000 фунти
Португалија – 1000 фунти
Ова пак се најсмешните судски моменти во Премиер лигата