3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Азиски хендикеп

Азискиот хендикеп се разликува од обичниот по тоа што овозможува половина и три-четрвртински хендикеп (0:1/4, 0:1/2, 0:3/4, 0:1 1/4…). За секој вид на овој хендикеп важат различни правила. Коефициентите за зазискиот хендикеп се движат од 1.8 до 2.

Предностите на азискиот хендикеп се следните:

На азискиот хендикеп нема нерешено, односно тоа значи дека вас можната заработка автоматски ви се зголемува од 33% на 50%.

Ако натпреварот со четвртински хендикеп заврши нерешено и ја изгубите опкладата, тогаш добивате само пола опклада, односно пола од вложените пари ви се враќаат на сметката.

Во зависност од хендикепот, можете да ја добиете опкладата иако тимот на кој сте се обложиле не издвоил победа.

Може да се обложуват на тимот за кој мислите дека нема да ја добие утакмицата, а сепак да имате добитна опклада поради големиот хендикеп. Типичен пример за тоа е случајот каде што фаворитот ќе победи со еден гол разлика.

Тука ќе ви наведеме неколку примери, а во прилог и табела за азиски хендикеп.

Азиски хендикеп 0:1/4 (-0,25; +0,25)

Хендикеп -0.25

Доколку тимот на кој сте играле хендикеп победи со било која разлика типот е добитен, а нерешениот резултат ви го враќа пола влогот.

Хендикеп +0.25

Ако тимот на кој сте играле хендикеп победи, без разлика на резултатот, опкладата е добитна, добивате пола од влогот.

Азиски хендикеп  0:1/2 (-0,5; +0,5)

Со овој вид хендикеп може да добиете или изгубите, нерешен резултат нема

Хендикеп -0.5

Ако тимот победи ја добивате опкладата, ако биде нерешено ја губите опкладата.

Хендикеп +0.5

Ако екипата победи или изигра реми, ја добивате опкладата.

Азиски хендикеп 0:3/4 (-0,75; +0,75)

Хендикеп -0.75

Ако екипата победи со 2 или повеќе голови разлика ја добивате опкладата, ако победи со еден гол разлика ви се враќа пола влог, во случај на нерешено ја губите опкладата.

Хендикеп +0.75

Ако екипата победи или изигра нерешено ја добивате опкладата. Ако изгуби со 1 гол разлика ви се враќа пола влогот. Ако изгуби со 2 или повеќе голови разлика го губите облогот.

Азиски хендикеп 0:1 (-1,0; +1,0)

Хендикеп -1.0

Ако екипата на која сте играле хендикеп победи со 2 или повеќе голови разлика, ја добивате опкладата. Ако победи со 1 гол разлика ви се враќа цел влог, во случај на нерешено губите.

Хендикеп +1.0

Ако екипата на која сте изиграле хендикеп победи или изигра нерешено ја добивате опкладата. Ако изгуби со 1 гол разлика, ви се враќа целиот влог, но ако изгуби со 2 или повеќе голови, ја губите опкладата.

Во прилог табела за целосниот хендикеп:

asian

поврзани објави

Последни објави