7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

КЕЈН ДОБИ СПЕЦИЈАЛЕН ПОКЛОН ОТКАКО ГО ПОСТИГНА 100. ГОЛ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА

Хери Кејн синоќа постигна гол од пенал за конечни 2:2 во последните секунди од натпреварот меѓу Тотенхем и Ливерпул со што му донесе бод на својот тим.

За сјајниот англиски фудбалер ова беше 100. погодок во Премиер лигата со што стана вториот играч во историјата кој најбрзо дошол до тие цифри, бидејќи пред него беше само легендарниот Алан Ширер.

Кејн имаше прилика тоа да го направи на десет минути пред крајот на натпреварот кога Тотенхем доби пенал, но тогаш беше непрецизен. Напаѓачот на Тотенхем призна дека бил многу нервозен за време на изведувањето на вториот пенал, но сепак вториот пат беше успешен и ја затресе мрежата на Ливерпул.

ФОТО

Поради својот 100. гол во Премиер лигата Кејн доби специјален поклон од Најк кој дизајнираше посебни копачки за напаѓачот на Тотенхем со кои ќе игра во наредните натпревари.

ФОТО

“Бев многу нервозен пред изведувањето на вториот пенал бидејќи претходно го промашив првиот. Тоа беше голем момент со многу нервоза и притисок, но одлучив некако тоа рутински да го решам. Да не ме прочиташе голманот на Ливерпул, веројатно ќе победевме на овој натпревар, но и вака добро излезе на крај“, рече Кејн после натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=kxe33WsW_UI

поврзани објави

Последни објави