4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ердоган: Македонија секогаш ќе остане Македонија, Грција не е во право

Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија затоа што Грција не е во право. Македонија секогаш ќе остане Македонија, изјави вчера на дебата, пренесувана од Турската радио-телевизија, турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган.

На конференцијата организирана во клубот на иселениците од балканските простори, Ердоган порачал дека Турците и Македонците се браќа и дека Турција секогаш ќе стои зад Македонците.

– Тоа што сме го заборавиле во 1912 година сега можеме да го поправиме, рекол Ердоган според кого Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името, но Турција секогаш ќе биде до Македонија и нема да дозволи да се менува името.

– За нас, Анкара и Скопје немаат никаква разлика и никогаш нема да ги оставиме нашите браќа сами, секогаш ќе сме со нив, и секогаш ќе им помагаме и стоиме зад нив, порачал турскиот премиер.

поврзани објави

Последни објави