Тибо Куртоа ова попладне излезе со официјален став со кој му даде максимална поддршка на менаџерот Антонио Конте, на напоредно со ваквата негова изјава, пристигна и едно интервју во кое голманот на Челси максимално се отвори за неговата иднина и можниот трансфер во Реал Мадрид.
Белгискиот чувар на мрежата во неколку наврати има признаено дека приватната ситуација може да има голем удел за неговото враќање во Шпанија, а сега директно проговори за интересот од Реал Мадрид, всушност испрати директна порака до Флорентино Перез и неговите соработници.
Куртоа има две деца со неговата поранешна девојка која се врати да живее во Шпанија, па токму тоа може да биде голем „џокер“ за Реал Мадрид конечно да ги осигура услугите на голманот кој веќе подолго време ги одолговлекува преговорите со Челси за продолжување на соработката.
– Мојата лична ситуација е поврзана со Мадрид, веќе сите го знаат тоа. Моите две деца живеат таму со нивната мајка. Разгоарам со мојата ќерка секој ден преку „Фејстајм“ и постојано ми вели дека и недостасувам. Мојот син се уште е многу мал за да комуницираме на тој начин. Секој пат кога имам шанса, со лет одам во Шпаниа и потоа брзо се враќам. Оваа ситауција не е лесна и едноставна. Може да се каже дека моето срце му припаѓа на Мадрид. Ако Реал Мадрид е навистина заинтересиран за мене, тогаш мојата лична ситуација може да има големо влијание. Фамилијарниот аспект едноставно нема цена, – вели Куртоа во интервјуто за „Спорт Фут магазинот“.