Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во вчерашното гостување на Алсат телевизија зборувајќи за реализацијата на Тиранската платформа, која тој ја ословува како договор, рече дека дел од договорот се и случаите „Монструм“ и „Диво Насеље“, за кои како што рече Ахмети, треба да се бара истрага.
Зборувајќи за Тиранската платформа и нејзината реализација, Ахмети рече:
– Во тој договор е Законот за албански јазик, во тој договор е дека треба да се бара истрага или меѓународен мониторинг за некои случаи како случајот “Монструм“, Кумановскиот случај. Секогаш ги имаме повторувано, цело време, случајот Бродец. И тие веќе се во фаза на реализација. И тие случаи, секако има случаеви кои вие не ги слушате. И изјавата од премиерот на земјава, дека ние се согласуваме и се договоривме да се направи мониторинг и да се расветли вистината за сите овие сомнителни случаи. И случајот на македонскиот новинар. Така што, како пакет, тој договор веќе се спроведува како ветување кои го дадовме на албанскиот електорат.