Холанѓанецот со насмевка на лицето го проследи својот „кикс“.
Ливерпул славеше со 0-2 на гостувањето кај Саутемптон, а Ван Дајк, најскапо платениот дефанзивец во светот играше против својот поранешен клуб.
Холанѓанецот по влегувањето на подтрибинскиот простор направи мала грешка, веројатно е до навиката која ја стекна претходно.
Ван Дајк за момент заборави дека сега настапува за Ливерпул, па наместо во соблекувалната на својот клуб, тој ќе влезеше во соблекувалната на неговиот поранешен клуб, но набрзо ја сфати грешката и се насмеа на тој „кикс“…