14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Шијо ми га Грујо, ал сaшио га Саша

Каков прекрасен почеток. Но… упс… јбг… пак статива. Воопшто не мие криво (се лажам ли себеси?) што се приклучив кон Момците кои во месец јуни минатата година ја започнаа внатрепартиската иницијатива за Реформи во ВМРО ДПМНЕ, (еден период бев меѓу топ три, т.е. во  првата тројка). Беа толку искрени и толку позитивни, и доколку не се приклучевме, ќе ни беше навистина криво дека сме можеле со нешто да придонесеме, но сме си го отспале своето. Многу изработивме и многу членство ни се приклучи, некој директно, некој индиректно, некој срамежливо намигнуваше кон нас итн., баш како што треба.

Се створија симпатии и кај неопределените, медиумите, па дури и кај противниците. Сѐ така до 20 ноември, кога ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе одржи вонреден конгрес на 23 декември. Од тој ден ние се умртвивме… Секој ден, наместо акција, нам ни се кажува да чекаме…  Од пред некој ден се прашувам дали имавме диригент од самиот почеток, но не сакам да поверувам во тоа.

Истовремено, се работеше на организирање на централен штаб на внатрепартиската иницијатива, чиј состанок треба да се одржи во хотел Континентал на 17 декември. Тука скроз бев исклучен. Но, секоја чест, преполна беше салата, немаше ниедно слободно место… Храбри и директни пораки  се слушнаа од луѓето кои земаа збор. Вистинско уживање! После 14 години, конечно, слободата на говорот се враќа внатре во партијата.

Сите среќни и набилдани со адреналин, како што им личи на симпатизерите на десницата. И утредента – ТОНЧ!!! Срамежлива порака, испратена до медиумите, дека реформаторите нема да земат учество на вонредниот Конгрес во Валандово, а потоа, тотално игнорирање на пораките кои беа кажани на средбата во хотел Континентал.  Тотална штама,  до сите нас испратена порака на   (WhatsApp) групите каде комунициравме со месеци – да не излегуваме никако на медиуми или пак со јавни настапи… Што е работава? Каде сте, Реформатори, каде сте, кај отидовте? – прашања од сите страни. Се одржа и тој вонреден конгрес, знаеме каков.

И тогаш, како гром од ведро небо, новиот претседател на партијата им пружи рака на Реформаторите и ги повика да се приклучат кон новото раководство, демек со цел – промена на партискиот статут. Реформаторите добиваат места внатре во партијата… Каде, кога и како е тоа договорено, јас лично и добар дел од нас не бевме запознаени, туку само информирани, откако сѐ беше завршено. Не е битно, во политика може и така. Неколкумина од тие што влегоа, сигурно се со најдобри намери, тука нема збор.

Но, дел од нас ја одби понудата за влез во структурите на партиското раководство и решивме да ја тераме борбата понатаму. Нормално, како би продолжиле инаку, начинот на кој бевме информирани во нашиот неофицијален штаб “Клубот на Новинари” беше тотално различен од она за што се боревме предходните месеци. Ова беше – ШОК, нешто во стилот: Ние големите мајстори на играта договоривме функции, начин и период за промена на статут, без ваша консултација, знаевме дека доколку ве прашаме можеби и ова немаше да помине,  веќе сѐ е договорено и секој од Вас ќе добие функција во новото ВМРО, доста сме надвор од партијата, само доколку сме внатре може да успееме. Ај сега да ви кажеме кој што функција му следува… Работава дал да плачам или да бегам. Чекај, ние кои се боревме против клиентелизмот одеднаш зборуваме за функции. Па нели бе промени од доле кон горе, нели членството ќе бира, па многу други „нели?“… Но охридскиот бог на судбината  Амтотие тие денови си ја заврши својата работа. Ние кои покажавме незадоволство решивме да молчиме некој период од причини за кои можеби и момците се во право, можеби навистина доколку се внатре во партијата нешто и ќе спроведат.

Но веќе нема да молчиме, затоа и се боревме, и продолжуваме да се бориме за секој да може да си го каже своето мислење и да има фер шанса за истото да се бори притоа, без да биде осуден дека е шпион, играч на СДСМ, Сорос, Странски служби, итн.

Но, еве што се спроведе… Оливер Андонов, алооо, Оливер Андонов, човекот на Грујо кој водеше битка против нас, човекот со тапија од болница дека е чукнат, каде јавно кажа дека намерно ја извадил тапијата за да докаже мобинг на работното место. Чукнат ли е човекот или направил фалс тапија, но ниту една од овие две работи не го амнестира, што и да направил. А тој главен Реформатор. Прво, па машко…

Па, еве една порака, конкретна, без ракавици: Реформатори, где је печат!? Зар реформиве беа  еден Оливер Андонов  да ги свикува вашите членови и им нуди места по разно-разни комисии, луѓето го чекаат со часови да се појави на договорено, некогаш дури не се ни појавува. Замислете, Оливер Андонов не се појавува на закажан состанок со едно од најголемите музички имиња во Македонија, па дури ниту до ден денешен не пратил порака со извинување. На доктори им нуди места во комисии за спорт (она старото – функција си е функција). Па, за вакви ли реформи беше муабетот? По теркот шијо ми га Грујо?! А захефтао га Оливер?!

Јас знам дека тие, таквите, требаше да ги испратиме во пензија. Наместо пензија, тие сега ни се  главни кадровици, Груевски е почесен претседател, можеби наскоро ќе видиме која е функцијата и на Мицковски! Требаше тотално да смениме начин на однесување, делување, да се откажеме од белата палата, јавно да се извиниме за старите навики, да не признаваме кукла претседатели… Сфатете си ја работата сериозно! ВМРО-ДПМНЕ не е приватна фирма. Со вакво ВМРО далеку е сонцето. Со вакво ВМРО, Заев е тотално комотен и секаква глупост народот ќе му ја аминува. Богами, му тргна со глупости, но и со аминување. Има ли јунак во ВМРО-ДПМНЕ чумата да ја пропади? Или ВМРО ќе се реформира од  долу кон горе, или нема спас за оваа партија.

поврзани објави

Последни објави