14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Конте со нова забрана за фудбалерите

Фудбалерите на Челзи добија известување за несекојдневна забрана. Менаџерот Антонио Конте донел забрана за смеење за време на тренинзите.

Англиските медиуми пренесуваат дека овој потег на италијанскиот стратег уште повеќе ќе ја влоши разнишаната атмосферата во таборот на „сините“.

Конте смета дека ова е сосема нормално, бидејќи забавата и работата не одат рака под рака.

– Мислам дека обично не се смееш кога работиш. Особено кога работиш напорно, многу е тешко да се смееш. Само со напорна работа може да се постигнат фантастични резултати кои ги имавме минатата сезона. Сега е тешко да се опишат тренинзите во моментов. Кога играш на секои три дена, е невозможно да работиш на физичката страна. Кога имаш цела недела, почнуваш со физички активности и во средината на неделава веќе ставаме акцент на тактиката и подготвување на тимот за соодветниот натпревар, изјави Конте.

поврзани објави

Последни објави