Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во изјава за медиумите, по реакциите што ги предизвика, говорејќи синоќа на состанокот на општинскиот совет и утрово за грчката телевизија Скај.
– Не предложив, не предлагам и нема да предложам промена на името, едноставно ја изразив мојата загриженост. Она што го кажав и не го одрекувам е дека во ова прашање имаме загубено, 130-150 земји, колку и да се, ја имаат признато земјата под името Македонија. И ние, за жал, со одговорност на грчките влади во последните 25 години, имаме загубено. И ова треба да не загрижува, рече Бутарис на вонредната прес-конференција за медиумите во Солун.