Македонската филхармонија доби повеќе од 4 илјади евра од министерството за култура за концерт со групата Бернејс Пропаганда, планиран за 27 април оваа година, меѓутоа бендот Бернејс Пропаганда не знаел ништо за тоа, објавува порталот „Равно до дна“.
Гитаристот на бендот Васко Атанасоски тврди дека никој не побарал од нив такво ништо, пишува порталот. Атанасоски подготвува и тужба бидејќи неговиот бенд очигледно се нашол во државните структури за криминал.
Тој кажува дека минатата пролет во неколку наврати разговарале за концерт на Бернејс Пропаганда во декември со поранешниот директор на Македонската филхармојија, Маја Чаначевиќ. Во меѓувреме таа беше смената со промената на власта и останале на тоа.
– Кога министерството ги објави резултатите се чудевме што се случува. Се јавивме во Македонска филхармонија, но и тие беа изненадени и не знае ништо за тоа. Подоцна ни рекоа дека некој аплицирал во наше име, но не знаеа кој, изјавил Васко Атанасоски за „Равно до дна“ и додал дека побарале да им ја испратат апликацијата и целосната документација, но дека немало ништо од тоа.