Актуелната сезона во која Реал Мадрид игра под сите очекувања би можела да биде последна за нивниот офанзивец Иско.
Како што соопштува новинарот Жозеп Педрерол, Зинадин Зидан ќе остане тренер и следната сезона, што е примарна причина зошто офанзивецот ќе го напушти клубот.
Иско оваа сезона требаше да биде еден од клучните играчи, но не ги исполни очекувањата. Новинарот открива дека Зидан минатото лето го продал Хамес Родригез за да му отвори простор на 25. годишниот Иско.
Зидан го обожава стилот на игра на Иско и она што тој може да и понуди на екипата, но после разочарувачката сезона изгледа ќе го пушти да го промени својот клуб.
А и Иско не е пресреќен во Реал. Уште не е редовен член на првите 11, додека од друга страна има богати понуди од Премиер лигата од страна на Јунајтед, Сити и Челси.