Легендарниот фудбалер на Рома Франческо Тоти целата своја кариера ја помина во клубот од Рим иако имаше бројни понуди од Шпанија и Англија.
“Принцот на Рома“ истакна дека најдобра понуда имал од Реал од Мадрид, но дека свесно останал во Рим.
– Тоа беше 2003 – 2004 година. Одлучив да останам во еден клуб до крајот на кариерата, пропуштајќи ги шансите да освојувам многу трофеи. И на крајот од кариерата можам да кажам дека го имав сето она што го посакував – љубов и страст кои ми беа многу поважни од трофеите и понудените пари од други места, рече Тоти.
Италијанецот со Рома го освои првенството во 2001 година, Националниот Куп 2007. година и 2008. година и Суперкупот на Италија 2001. и 2007.
– Единствено немав шанси да ја освојам Златната топка. Знаев дека во Рома имам помали шанси од играчите на Реал, Јувентус или Милан.
Тоти со години беше еден од најдобрите играчи во светот, одлично заработуваше, но тоа е неспоредливо во однос на договорите кои се потпишуваат со други поголеми европски клубови.
https://www.youtube.com/watch?v=YSaSfynTTiI