Тешко е да се замисли каков би бил светот ако не постоела болницата Белич-Хеилштатен во Берлин каде се лечел Хитлер за време на Првата светска војна. Хитлер бил ранет од нападот на Британците со плин.
Секако во оваа болница не се лечел само Хитлер. Во оваа болница за време на Првата светска војна се лечеле илјадници германски војници, а истата намена ја имала и во Втората светска војна, а се грижеле и за советските војници по војната.
Болницата работела се до паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1990 година. Болницата е изградена во 1898 година како санаториум и како центар за рехабилитација.
Откако конечно е затворена во 1995 година, се останало во неа од опремата од операционата сала до собите за изолација, кои до ден денешен изгледаат застрашувачки.
Веб страницата Конд наст травелер оваа болница ја прогласиле за најстрашното место во светот, а фотографиите тоа го докажуваат.